Анкетен прашалник за креирање на Буџетот на Општина Ѓорче Петров за 2025 годинa
Почитувани жители,
Општина Ѓорче Петров започна процес за вклучување на жителите при изготвување на Програмите за работа, проектите од витален интерес и на Буџетот за следната 2025 година.
Целта на овој консултативен процес е зголемување на учеството на граѓаните во процесот на донесување одлуки на локално ниво и креирање на транспарентна локална самоуправа.
Оваа година овој процес го реализираме електронски преку Анкетен прашалник, а ќе следат и средби со граѓани во месните и урбани заедници, се со цел поголемо партиципативно учество на граѓаните во донесувањето одлуки и креирањето политики на локално ниво.
Вашите одговори на поставените прашања имаат значење при креирањето на општинските програми за работа.
Ви благодариме!